На ден 12.05.2023г. беше одржано предавање на тема: “Препознавање на лажни вести”, од страна на Драган Секуловски (Извршен директор на ЗНМ) во соработка со Факултетското студентско собрание на Факултет за безбедност – Скопје. Студентите имаа можнот да се запознаат со разликата помеѓу информации и дезинформации, препознавање на лажни слики и видеа, примери за дезинформации од нашето општество, но и примери од другите држави.

Деканот на Факултетот за безбедност – проф. д-р Никола Дујовски ја истакна важноста за проактивноста на студентите и посака успех во текот на понатамошното академското студирање, а претседателот на Факултетското студентско собрание, Лела Радуловиќ упати голема благодарност до сите професори и студенти кои беа голема мотивација на сите членови од Факултетското студентско собрание за организација на сите настани од едукативен карактер.