Се известуваат студентите од првиот циклус студии на Факултетот за безбедност – Скопје кои ќе слушаат настава во четврта година во академската 2023/2024 година на 16.05.2023 година (вторник) со почеток во 12,30 часот ќе се организираат презентации за насоките и содржините на предметните програми за изборните предмети за сите студиски програми во просториите на Библиотеката.

Се известуваат студентите од четврта година на прв циклус студии дека на ден 16.05.2023 година (вторник) со почеток во 11,30 часот во просториите на Библиотеката ќе се одржи презентација за студиските програми на втор циклус студии од страна на продекан за настава проф. д-р Јонче Ивановски и раководител на втор циклус студии проф. д-р Катерина Крстевска Савовска