Почитувани студенти,

Практичната настава во летниот семестар за учебната 2022/23 година  представува  задожителна  студентска  активност,  за која вклучително со реализираната практичната работа од зимскиот семестар од истата учебна година се пресметуваат кредити во уверенијата за завршено високо образование.

За секоја учебна година  студентите се должни да реализираат 30 дена практична настава,од кои 5 дена во зимскиот семетар и 25 дена во летниот семетар.

Практичната настава во летниот семестар се реализира во два дела ,

  • Првиот дел, задолжителна која ја организира Факултетот за безбедност во времетраење од 10 дена, во државни  институции кои ние ги контактираме  и го  договараме  реализирањето на практичната настава,
  • Вториот дел, дополнителна практична настава која ја организираат самите студенти во времетраење од 15 дена, во институции со кои Факултетот има склучено меморандум за соработка, на пример, Агенции за приватно обезбедување, Црвениот крст, Регионални центри на царинска управа, Адвокатски канцеларии, Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Државното првобранителство, и други институции наведени во делот на  Соработка  со општеството на Факултетот за безбедност.

Во оваа учебна година задолжителната практична настава е планирано да се реализира по завршување на јунската испитна сесија, односно во периодот од 10 јули до 26 август 2023 година.

За поефикасно реализирање на практичната настава,  сите студенти редовни и вонредни од сите студиски програми  на Факултетот за безбедност, се должни да го пополнат анкетниот прашалник најкасно до 14 Мај 2023 година до 23.00 часот.

Термините ги одредуваат надлежните од МВР и тие се конечни, не можат да се променат.

Студентите кои се на квадрат и стидентите кои ке одат на студентска работа во други земји во периодот на реализирање на практичната настава, не го пополнуваат анкетниот прашалник.

Студентите кои ќе одат на Летното логорување организирано од Факултетот за безбедност, ке им се важи дел од задолжителната пратична настава од 10 дена, овие студенти исто така не го пополнуваат анкетниот прашалник и имаат обвска да реализираат само дополнителна пракса од 15 дена.

ЛИНК за ПРВА ГОДИНА – МВР ПОЛИЦИСКИ СТАНИЦИ

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdYawjBNSZlB06q4-cPxJprW-Aa3Ih3h92VnpD0SmSMTqe_pw/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0

ЛИНК за ВТОРА ГОДИНА – АГЕНЦИИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeIgA2Fh1DXvzSV5LQQ8zRu0GSjXD2tdE3jwKzjEllIZDAxeQ/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0

ЛИНК за ТРЕТА ГОДИНА – МВР ПОЛИЦИСКИ СТАНИЦИ, КРИМ ПОЛИЦИЈА

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe0h4P-dNRWCHsr5QkfyrYvTsmhuqqUFjf0cmtK521n3wFZaA/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0

ЛИНК за ЧЕТВРТА ГОДИНА – ЦУК ИЛИ ДЗС

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd1uhoH-7a9djF55tBlRDGSzl3lF-RnUgOGIIqOn0dFQa75Iw/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0