Посета на Центарот за подготвеност и одговор при катастрофи на Црвениот Крст на Република Северна Македонија
,,На 4.5.2023 година студентите од четвртта година на Факултет за безбедност Скопје, во организација на предметниот наставник проф д-р Марина Малиш Саздовска, го посетија Центарот за подготвеност и одговор при катастрофи на Црвениот Крст на Република Северна Македонија. Од страна на Центарот на студентите им се обратија Али Самет и Оливер Гичевски, кои детално ги запознаа студентите со улогата на Црвениот Крст при менаџирање на катастрофи, а особен интерес кај студентите предизвикаа нивните лични искуства во хуманитарните мисии на меѓународно ниво. Студентите изразија заинтересираност за активностите на овој Центар, поставија бројни прашања и споделија лично искуство како волонтери на Црвениот Крст. Посетата се одвиваше во пријателска атмосфера, со што уште еднаш се потврди одличната соработка помеѓу двете институции, со желба за зајакнување на истата во иднина. На средбата присуствуваше и проф д-р Александар Иванов кој активно беше вклучен во дискусијата за натамошната соработка со овој центар.,,