Факултетот за безбедност во втората половина на месец јуни планира да организира теренска обука по Логорување во кампот на Министерството за внатрешни работи во Лазарополе во траење од 8 дена. На оваа воннаставна активност можат да учествуваат сите заинтересирани студенти од прва, втора, трета и четврта година на првиот циклус студии. Вкупниот број на студенти кои можат да присуствуваат на теренската обука не треба да биде поголем од 50 студенти поради сместувачките капацитети на кампот.
Студентите кои сакаат да земат учество на теренската обука по Логорување може да се пријават во канцеларијата за дообразование и доедукација кај Ангел Витевски или кај д-р Аљоша Недев најкасно до 22.05.2023 година. Доколку некој студент не е во можност да дојде, може да се пријави на следниот емаил: aljosa.nedev@uklo.edu.mk
Напомена: Студентите коишто ќе присуствуваат на теренската обука по логорување временскиот период ќе им биде засметан како реализирана практична работа за летниот семестар.
Продекан за настава
Вон. проф. д-р Јонче Ивановски