Посета на Меморијалниот ценар на холокаустот на Еврите од Македонија

На 12. април 2023 г. студентите на Факултетот за безбедност во рамките на реализацијата на содржините од предметите Виктимологија- посебен дел и Деца жртви и под водство на предметните наставници проф. д-р Оливер Бачановиќ и вон. проф. д-р Наташа Пеовска, го посетија Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Во рамките на посетата студентите ја посетија речиси целата музејска поставка, почнувајќи од меморијалната соба, комеморативниот дел (посветен на 7144 жртви на холокаустот од Македонија), Евреите во антика (макетата на синагогата во Стоби), протерувањето од Шпанија, Евреите на Балканот, Отоманската империја, Еврејското маало во Скопје, времето на доаѓањето на нацистите на власт, Монополот (местото каде се собрани сите Евреи од Македонија, поточно од Скопје, Штип и Битола и оттаму испратени во логорот на смртаат во Требленка од каде никој не се вратил)., логорот во Требленка каде македонските Евреи се егзекутирани со користење на гас, Евреите кои биле во партизани (меѓу кои и народниот херој Естреј Овада), граѓаните од Македонија кои ги криеле и спасувале Евреите во текот на војната, меѓу кои и оние кои поради посебни заслуги им е одадена почит ово музејот „Јад Вашем“ како праведници меѓу народите, за да оваа обиколка заврши со сликите од Изреал како прибежиште и татковина на евреите, како и дел посветен на воспоставувањето на еврејската заедница во Македонија денес која, иако малубројна, е многу активна и присутна во општествениот живот на нашето општество.

Во разговорот со студентите по завршената обиколка на музејот се потврди дека посетата оставила силен впечаток посебно делот посветен на холокаустот (влегување во автгентичниот вагон со кој се транспортирани дел од македонските евреи, трите урни со пепел донесени од Требленка и многу други експонати), пред се поради пораката која останува дека геноцидот над еврејскиот народ не смее да се заборави и преставува трајна опомена за сегашните и идни генерации. На крај би завршиле со пораката посетата на Меморијалниот центар да стане традиција за студентите на Факултетот за безбедност, бидејќи неговите содржини имаат значаен едукативен карактер поврзан со пораката/ потребата да се градат здрави општества во кои ќе нема место за супериорни и инфериорни, општествата во кои културната, расната и другата различност ќе бидат основа за сплотување, а не за разединување.