Можностите за студирање, активностите и привилегиите кои им ги нуди Факултетот за безбедност на студентите, вчера и денес имаа можност да ги слушнат матурантите од средните училишта во Битола, Берово, Делчево, Радовиш, Струмица, во град Скопје, во СЕПУГС “Васил Антевски – Дрен” и СОСУ „Илинден“.

Јасна порака до идните матуранти за нивно научно усовршување, преку практична настава, проекти и современа програма, упатија дел од професорите, а големата заинтересираност и посетеност на презентациите говори за атрактивноста на овој факултет.
Изберете ја правилно својата идна професија и кариерна ориентација –  СТУДИРАЈ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ.