И оваа недела продолжи промотивната презентација на студиските програми на Факултетот за безбедност на прв циклус на студии пред матурантите од средните училишта.

Оваа недела покрај училиштата во Град Скопје, можностите за студирање ги слушнаа и идните студенти од општините Велес, Неготино и Кавадарци.

Наставните и вон-наставните активности и привилегии кои ги нуди овој факултетот, практичната настава и логорувањето, потикнува голем интерес кај средношколците.

Нашите студенти се Наша гордост.