Во текот на вчерашниот ден, во просториите на Женски центар за поддршка – Скопје, се одржа информативна средба со студентите на Факултетот за безбедност – Скопје, од студиската програма за Криминологија и криминална политика.
Студентите добија информации за тоа што претставува центарот, односно како функционира специјализирано советувалиште за жени и деца жртви на насилство, кои услуги се обезбедуваат во центарот и на кој начин тие како идни професионалци може да соработуваат со ваков вид на услуги.