Студентите од Факултетот за безбедност денес реализираа посета на Националниот координативен центар за гранично управување, каде беа пречекани од Националниот координатор за гранично управување, проф. д-р Владимир Пивоваров и предметниот наставник по предметот Интегрирано гранично управување, проф. д-р Никола Дујовски.
Студентите имаа можност да се запознаат со бројните практични и оперативни процедури за координација на органите и телата вклучени во управувањето со границите, со меѓународната соработка, со борбата против организираниот криминал и корупција.