Од 13.03.2023 година започна промотивна презентација на студиските програми на Факултетот за безбедност на прв циклус на студии пред матурантите од средните училишта, со што ќе им се помогне полесно да ја изберат својата идна професија и кариерна ориентација.
Дел од професорите на Факултетот за безбедност веќе одржаа презентација во некои средни училишта на град Скопје, општина Куманово и општина Охрид, упатувајќи јасна порака до идните матуранти за нивно научно усовршување, преку практична настава, проекти и современа програма.
Од страна на матурантите беше пројавен голем интерес за упис на Факултетот за безбедност, за што сведочи нивното присуство во голем број, како и бројните прашања кои беа упатени до професорите на Факултетот.

За сите дополнителни информации поврзани со уписите може да ни се обратите на нашата е- адреса – fbs@uklo.edu.mk – службена е-адреса на Факултетот.