На 15.03.2023 година проф. д-р Марјан Николовски и проф. д-р Весна Трајковска, заедно со
студентите Муарем Шакировски-студент од четврта година, Теодора Атанасовска и Сара
Пауновска-студенти од втора година студиска програма Криминалистика, пред матурантите од
средните училишта од Куманово
– Средно економско училиште Перо Наков,
– Гимназија Гоце Делчев и
– Средно-техничко училиште Наце Буѓони
имаа презентација на студиските програми на Факултетот за безбедност, можностите за
студирање, условите за запишување, активностие на студентскиот парламент, Еразмус програмата
и сл. Од страна на матурантите беше пројавен голем интерес за упис на Факултетот за безбеднсот
за што сведочи нивното присуство во огромен број, како и бројните прашања кои беа упатени до
професорите и студентите на Факултетот за безбедност Скопје.