На ден 14.03.2023 година, Деканот на Факултетот за безбедност- Скопје проф. д-р Никола Дујовски заедно со проф. д-р Снежана Мојсоска, продекан за финансии одржаа состанок со Неговата Екселенција Килиан Вал, Амбасадор на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На средбата се разговараше за развојот во високото образование од областа на безбедноста како и продлабочување на соработката помеѓу Факултетот за безбедност- Скопје и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.