Денес, 10.03.2023 година, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше домаќин на студентите од Факултетот за безбедност од Скопје заедно со Деканот, проф. д-р Никола Дујовски и професори од овој Факултетот, како дел од иницијативата на МВР за серија Отворени денови за студентите од факултетите коишто соработуваат со МВР, како и учениците заинтересирани за запознавање со работата на МВР, а со цел да се покаже дека МВР е отворена и транспарентна институција, но и да се демонстрира важноста од меѓуинституционалната соработка и нејзино јакнење. Првиот Отворен ден на МВР е токму со студентите од Факултетот за безбедност, како институција со која МВР години наназад има одлична соработка. По одржаниот работен состанок во салата на граничната полиција, студентите имаа можност да направат обиколка во кругот на МВР и да се запознаат со надлежностите на дел од организационите единици сместени во кругот.