Почитувани студенти ,
Факултетот за безбедност врз основа на Меморандумот за соработка со Царинската управа на Република Северна Македонија организира летна практична настава со студентите од четврта година.
Практичната настава ќе се реализира во царинските испостави, во времетраење од пет дена по четири часа дневно од понеделник до петок во период од јули и август 2023 година.
За поефикасно спроведување на практичната наставата ви го давам на увид прелиминарниот список на студенти по градови каде се планира практичната настава, ве замолувам доколку некои студенти се испуштени или има промена на местото на реализирање да се пријави во канцеларијата на менторот за практична настава или да испрати маил на angel.vitevski@uklo.edu.mk.
Корекциите и пријавите во однос на практичната настава треба да се исратат најкасно до 13.03 .2023 до 09 часот.
Ментор за практична настава
Витевски Ангел