Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски го промовираше својот нов универзитетски учебник “Раководење во полицијата”. На промоцијата говореа Министерот за внатрешни работи г-н Оливер Спасовски, Директорот за Бирото ја јавна безбедност м-р Сашо Тасевски, Ректорот на УКЛО проф. д-р Игор Неделковски, рецензентите проф. д-р Цане Мојаноски и проф. д-р Трпе Стојановски и авторот проф. д-р Никола Дујовски.

Со издавањето на учебникот “Раководење во полицијата” студентите на Факултетот за безбедност и вработените во МВР добиваат стручна литература која ќе ги воведе во професијата Полициски раководител и ќе им овозможи да се стекнат со теоретски, но и многу практични знаења кои ќе ги користат во градењето на полиција која е столб на нашиот демократски систем и гарант на европските вредности во кои силно вложуваме.