На 27 декември 2022 година се одржа традиционалното предновогодишно академско кафе со министерот за внатрешни работи, г-н Оливер Спасовски. Студентите и професорите од Факултетот за безбедност имаа можност низ срдечна и пријатна атмосфера да ги слушнат најубавите новогодишни пораки, но и да разговараат со министерот Спасовски за актуелните теми во безбедноста, како хибридните закани, борбата против криминалот и корупцијата, плановите на МВР за 2023 години и други теми.

Министерот им посака понатамошен успех како на студентите така и на професорите, и им упати честитки за предстојните новогодишни празници, а Деканот на Факултетот за безбедност, проф. д-р Никола Дујовски се заблагодари за укажаната чест и посветеното време и на Министерот му додели Благодарница и книги издадени од Факултетот за безбедност.