На 27 декември 2022 година се одржа свечената промоција на дипломирани студенти во академската 2021/22 година. На свеченоста беа промовирани 17 магистри на науки, 11 специјалисти по безбедност и 63 дипломирани студенти на прв циклус студии на Факултетот за безбедност.
Дипломираните студенти беа поздравени од министерот за внатрешни работи, г-н Оливер Спасовски, ректорот на УКЛО проф. д-р Игор Неделковски, студентката со највисок просек на студирањето Анастасија Маркоска и деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски. На настанот присуствуваат и директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Сашо Тасевски и државната секретарка во МВР м-р Магдалена Несторовска.