На 19.12.2022 година проф. д-р Дарко Трифуновиќ, директор на Институтот за национална и меѓународна безбедност (INIS) од Белград одржа онлајн предавање за студентите и професорите од Факултетот за безбедност на тема ,,Современи безбедносни предизвици за регионот и за Европа“. На предавањето проф. Трифуновиќ зборуваше за актуелни теми поврзани со безбедноста во регионот и Европа, и за сериозните ризици и закани кои ги носи хибридната војна, лажните вести и воените дејствија. На ова предавање активно се вклучија професорите и студентите со прашања и дискусии поврзани со актуелната тема.