На 16.12. 2022 во рамките на клиничка настава по предметот КРИМИНАЛИСТИЧКА ПСИХОПАТОЛОГИЈА, по втор пат во овој семестар, студентите од Криминалистика и ККП ја посетија ЈЗУ Психијатриска болница-Скопје.

За време на посетата, студентите имаа можност да ja обиколат установата и да добијат информации како функционираат оделенијата, вклучително и казненото оделение каде лицата се наоѓаат на чување и лекување по изречената мерка од судот заради извршеното кривично дело.

Од страна на вон. проф. д-р Роза Крстеска, која ја води клиничката настава по овој предмет, на студентите им се прикажани индивидуални случаеви, со лица кои доброволно сакаа да зборуваат за себе и својата болест. Исто така, студентите имаа прилика да разговараат со болните, да им поставуваат прашања и воопшто да добијат личен впечаток.

Соработката со оваа институција има повеќедецениска  традиција, благодарение на која на нашите студенти им се овозможува и практична настава по предметот , што ќе им користи во понатамошната професионална работа.