На средбата одржана на ден 15.12.2022 година, во просториите на ЈУ Завод за социјални дејности-Скопје, Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје, проф. д-р Никола Дујовски и директорот на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, Стојан Станиславски, потпишаа меморандум за соработка меѓу двете институции. Со меморандумот се предвидува подготвеност за соработка и взаемно остварување помош и поддршка меѓу стручните кадри од двете институции, со цел организирање и спроведување научно истражувачки фундаментални и применети проекти, анализи и евалуации кои се поврзани со децата во ризик и во судир со законот во Република Северна Македонија и други облици на соработка со цел размена на искуства, знаења и унапредување на состојбите во оваа област.