ПОСЕТА НА КПУ БИТОЛА

 

Студентите од четврта година на Факултет за безбедност на 14. 12. 2022 година,  со претходна дозвола од Министерство за правда го посетија  КПУ Битола. Посетата и наставата беа  во организација на раководител на сектор за ресоцијализација Лена Христовска, психолог. За време на посетата и клиничката настава, студентите имаа можност да разговараат со осудените, да поставуваат прашања и да добијат одговор на истите. Се дискутираше за условите, правата на осудените лица, работа и третман, како и за успешна ресоцијализација на осудени лица.

Студентите остана во посета еден цел работен ден  каде што имаа можност да се запознаат со организацијата на самата установа, како и со третманот на осудените лица од страна на стручните лица, психолози и други професионалци кои постапуваат со нив. Во рамките на посетата, беа во обиколка на просториите каде се сместени осудените лица, одделот за слободни активности, библиотека, кујна, одделот за притвор, за видео-надзор, односно на целокупната зграда на установата. Се запознаа со функцијата на затворската полиција и на психолозите и воспитувачите кои постапуваат со осудениците.

Оваа и други посети на нашите студенти во казнено-поправните установи во РС Македонија се реализираат благодарение на одличната соработка со директорите и професионалците кои работат таму и на нивната посветеност со нашите студентите
да го споделат своето знаење и искуство и на тој начин да им овозможат единстевено професионално и животно искуство.