ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЛИШТЕ УКЛО

 

На покана на Универзитетското студентско собрание УКЛО-Битола, во Студентскиот информативен центар на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола, на 14.12.2022 проф. д-р Драгана Батиќ (онлине) и  проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска од Психолошкото советувалиште на УКЛО одржаа интерактивно предавање, на кое студентите имаа можност низ разговор да се запознаат со некои аспекти за подобрување на менталното здравје. Се зборуваше за помите на психолошко советувалиште, работа на себе, личен раст и развој, важноста на менталното здравје на младите. Студентите покажаа голем интерес и за темите поврзани со предрасудите и стигматизацијата кои ги следат психолошкото советување и психотерапија.

Целта на ваквите средби е студентите да се запознаат со работата на советувалиштето, да се рушат предрасудите во врска со барањето на психолошка помош кога тоа е потребно, но и да се зборува за потребата од личен раст и развој.Заедно со студентите се договорени темите кои ги интересираат за серија предавања што ќе следат.

Психолошкото советувалиште на УКЛО работи во рамките на Универзитетскиот  центар за кариера, доживотно учење и алумни КРЕДО, и е бесплатно за студентите на Универзитетот.