На 23.11.2022 година Деканот на Факултетот за безбедност, проф. д-р Никола Дујовски и Продеканката за финансии проф. д-р Снежана Мојсоска, остварија средба со сопругата на амбасадорот на Република Бугарија, г-а Билјана Ангелова.

На средбата се разговараше за заедничка соработка и имплементирање на проекти корисни за студентите и граѓанското општество.

Во рамките на посетата беше направена обиколка на објектите на Факултетот како и посета на криминалистичкиот музеј.