Посета на професори од Националниот Воен Универзитет ,,Васил Левски“- Велико Трново на Факултетот за безбедност во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата

Во период од 01-04.11.2022 и 07-11.11. 2022 година, на Факултетот за безбедност беа во посета преку ЕРАЗМУС+ програмата професори од Националниот Воен Универзитет “Васил Левски” од Велико Трново. Професорите од Бугарија беа пречекани од деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски, продеканот за настава проф. д-р Јонче Ивановски, продеканот за финансии проф. д-р Снежана Мојсоска и проф. д-р Наташа Пеовска – факултетски координатор за ЕРАЗМУС+ програма, кои ги запознаа гостите со најзначајните активности на Факултетот, студиските програми, меѓународната соработка, вклученоста на академскиот кадар во проекти и др.

Во рамките на посетата, професорите од Бугарија одржаа предавања пред студентите на првиот циклус студии на теми поврзани со ефективноста и влијанието на несмртоносното оружје, безбедноста при ракување и употреба со огненото оружје, балистичката опрема и заштита, и моделирање на спортски активности и тренинзи за подобрување на општата физичка подготвеност.

Преку реализација на посетата, успешно се продлабочи соработката помеѓу двете високообразовни институции во делот на проширување на едукацијата и знаењата од областа на безбедносните науки.