Во рамките на проектот Поддршка на менталното здравје кај младите во време КОВИД19 пандемија и пост-ковид состојба „Не постои здравје без ментално здравје“, подржан од Град Скопје, на 03.11.2022 одржано е интерактивно предавање под наслов „Ментално здравје на младите-како до поголема благосостојба“ на Факултет за безбедност-Скопје, во соработка со Американ Колеџ-Скопје, а во организација на Психолошко советувалиште УКЛО и Психолошкото советувалиште при Американ колеџ-Скопје.
Предавачите беа : Проф. Д-р Драгана Батиќ и Проф Д-р Гордана Ристевска –Димитровска од Универзитетот „Свети Климент Охридски-Битола и Доц. Д-р Димитринка ЈордановаПешевска од Американ колеџ-Скопје;
Професорките, заедно со студентите отворија дебата за повеќе аспекти кои се однесуваат на менталното здравје на младите како што се: влијанието на пост- ковид периодот, влијанието на развојните промени во адолесценсијата, стигматизација на менталните нарушувања, улогата на психотерапија и медикаментозна терапија во намалување на состојбите на депресивност и анксиозност. Исто така се зборуваше за важноста на превенцијата и стекнување на резилијентност преку практикување на здрави животни стилови кои придонесуваат за подобар квалитет на животот кај младите.
Студентите покажаа голем интерес и активно се вклучија во дискусијата за то кога тие би побарале помош од психолог/психијатар, како да го зголемат капацитетот на разбирањето на себеси, како се справуваат со стигматизацијата која ја следи посетата на психолог и психијатар, како подобро да се грижат за своето ментално здравје.
Ова предавање, после повеќе вебинари одржани онлајн на темите поврзани со менталното здравје, претставува прво предавање со физичко присуство, а кое, и за студентите и за професорите претставуваше вистинско освежување и уживање.