Се известуваат редовните и вонредните студенти на Факултетот за безбедност (додипломски и прв циклус на студии),  дека со Одлука на ННС, одобрена е НОЕМВРИСКА испитна сесија која ќе биде во периодот од 21.11. до 07.12.2022 година.

Пријавувањето на испитите ќе биде електронски во периодот од 07.11. до 11.11.2022 година преку IKNOW системот. За оние студенти кои не се по IKNOW системот, испитите ќе ги пријават во истиот период на следнata mail адреса: studentski@uklo.edu.mk

        Студентите во ноемврискиот испитен рок можат да полагаат само презапишани предмети од непарните семестри и  запишани (и презапишани) предмети од парните семестри, со уплата на надомест во износ од 1.000,00 денари по предметна програма (испит).

Испитните пријави секој од студентите е должен да ги достави во Одделението за студентски прашања од 07.11. до 11.11.2022 година.

НАПОМЕНА: Се известуваат студентите да ги почитуваат дадените датуми за доставување на испитните пријави, во спротивно после дадениот рок испитните пријави ќе може да ги пријават со казна за задоцнет рок.

РАСПОРЕД ЗА НОЕМВРИСКА СЕСИЈА

ОДЛУКА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ

ОДЛУКА ЗА НОЕМВРИСКА СЕСИЈА

ПРОДЕКАН ЗА НАСТАВА

Проф. д-р Јонче Ивановски