На 27.10.2022 година Факултетот за безбедност – Скопје организираше еднодневна планинарска тура до врвот на Водно на која активно учество земаа голем број на студенти, наставници и вработени на факултетот. Преку организирање на оваа активност, факултетот имаше за цел да ги промовира здравите животни навики и можностите за заедничко дружење и меѓусебен почит, а кои се во интерес на подигање на свеста кај сите за влијанието на спортот и физичката активност во општествената и културна сфера на живеење.