На поканата на Европскиот совет на полициски синдикати, на 27 и 28 октомври 2022 година, деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски учествуваше на Првиот Европски полициски самит, кој се одржува во Мадрид, Шпанија. Деканот Дујовски имаше презентација на тема “Значењето на соработката помеѓу полицијата и медиумите, во функција на превенција криминалот”. На настанот беа остварени повеќе средби со Претседателот на CESP д-р Рикардо Валадас и други високи претставници на полициски синдикати.
На маргините на самитот, д-р Марјан Кицев, Претседател на Македонскиот полициски синдикат и г-н Алфонсо Медина, Претседател на Шпанскиот полициски синдикат потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двата синдикати, со што јакне и се развива соработката помеѓу двата синдикати, но и двете полиции. На потписниците им честитаме за склучениот меморандум со срдечни желби за успешна соработка и понатамошна промоција на правата на полициските службеници.

ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ