Во организација на Американската амбасада во Република Северна Македонија и Американското катче во Скопје, на 17.10.2022 година беше одржана дискусија за нелегална сеча на шуми со специјалниот агент Phil Huff од Шумската служба на САД. На настанот учествуваа претставници од невладиниот сектор и академската заедница.

Во рамките на плодната дискусија за предизвиците во спречувањето на ова еколошко кривично дело, активно учество имаа и проф д-р Марина Малиш Саздовска, редовен професор на Факултетот за безбедност во Скопје и студентките од прв циклус Весна Скендерска и Христина Митаноска. Како резултат од дискусијата произлегоа и бројни заклучоци и препораки за надлежните органи, а со цел ефикасно превенирање и откривање на овој вид на криминал.