На ден 14.10.2022 година (петок), деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски и продеканот за настава проф. д-р Јонче Ивановски остварија средба со избраната претседателка и членовите на Факултетското студентско собрание.
За Претседател на Факултетското студентско собрание е избрана студентот Лела Радуловиќ. Студентите веќе предложија членови на органите на Факултетот, со кои очекуваме дека правата на студентите ќе бидат застапувани на високо ниво.
На средбата беа претставени идните планови за работа на ФСС, а деканот и продеканот истакнаа дека се отворени за соработка за секој предлог и активност од страна на студентите.