Факултетот за безбедност – Скопје во партнерство со Министерството за внатрешни работи и Глобалната Иницијатива против транснационален организиран криминал (GI TOC) на 13ти октомври 2022 година ја одржаа тркалезната маса со наслов “Фудбалски хулиганизам – македонски и регионални искуства и запознавање со глобалниот индекс на организиран криминал”.

Пред присутните на настанот се обратија Министерот за внатрешни работи г-н Оливер Спасовски, г-а Fatjona Mejdini, директорка на опсерваторијата на југоисточна Европа (GI TOC), г-н Филип Поповски, генерален секретар на Фудбалската Федерација на Македонија и Деканот на Факултетот за безбедност, проф. д-р Никола Дујовски.

Целта на дискусијата на денешната тркалезна маса е да се стави фокус  на фудбалскиот хулиганизам како важно безбедносно прашање, бидејќи насилството и немирите со висока димензија бараат регионална и меѓународна полициска соработка. Фудбалскиот хулиганизам како најприсутен општествен проблем бара покревање на широка превентивна општествена акција а тоа е долготраен и сложен процес, кој бара многу време, трпение, но и материјални ресурси.

Глобалната иницијатива го презентираше годишниот извештај на глобален индекс на организиран криминал, при што се потенцираше силната посветеност во борбата со организираниот криминал и корупцијата и посветеноста кон реформите.

ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ