На 12.10.2022 г. на Факултетот за безбедност-Скопје беше во посета проф. д-р Линко Николов од Националниот воен универзитет „Васил Левски“- Велико Трново.
Продеканот за настава проф. д-р Јонче Ивановски и вонр. проф. д-р Наташа Пеовска- факултетскиот координатор за ЕРАЗМУС+ програма, остварија средба, на која беше презентирана работата, активностите и учеството на факултетот во меѓународни истражувачки проекти. За време на посетата се разгледаа и можностите за интензивирање на соработката меѓу двете институции со вклучување во заеднички меѓународни проекти.
Воедно проф.д-р Линко Николов одржа и предавање пред студентите од прв циклус на студии на значајни теми од социјалниот инженеринг.