На 22 и 23 септември 2022 г., на Универзитетот Шефилд Халам (Sheffild Hallam University), во Центарот за извонредност за истражување на тероризам, отпорност, разузнавање и организиран криминал (CENTRE OF EXCELLENCE IN TERRORISM, RESILIENCE, INTELLIGENCE AND ORGANISED CRIME RESEARCH – CENTRIC) се одржа конечното тестирање на сите компоненти на информатичко-комуникациската платформа од проектот ВЕКТОР.
На 22-ри септември се спроведе тестирање на подготвеноста на компонентите, додека на 23-ти се спроведе тестирањето на сите алатки од платформата: мобилната апликација за фотографирање и снимање, можноста за употреба со дрон, платформата за пребарување и препознавање на неексплодирани убојни средства (НУС) и користење на виртуелната реалност.
За време на ова тестирање се сними и видео запис со презентација на секоја од компонентите на проектот при што секој од партнерите во проектот го презентираа својот дел од работата, вклучително и Факултетот за безбедност-Скопје. На завршниот состанок во Шефилд, како претставник на тимот од Република Северна Македонија, активно учество имаше проф д-р Александар Иванов.