Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски заедно со Министерот за внатрешни работи г-н Оливер Спасовски и  Генералниот Секретар на Црвениот Крст г-н Саит Саити ги поздравија учесниците на регионалната школа за мигарции на која учествуваат студенти од Факултетот за безбедност, од други високообразовни установи од земјата и од странство. Регионалната школа е во организација на Црвениот крст, а учесниците ќе имаат можност да слушнат за хуманиот аспект на миграциите и за значењето на интегрираниот пристап за одговор на овие современи безбедносни предизвици.
Факултет за безбедност