На 03.10.2022 Факултетот за безбедност – Скопје го одржа првиот свечен академски час на прв циклус студии во академската 2022/2023 година. На оваа свеченост беше и обележан и значаен јубилеј, 45 години од формирањето на Факултетот. Беа присутни бројни студенти, професори, претставници од министерството за внатрешни работи и директори од други институции.

Свое обраќање пред присутните имаа Министерот за внатрешни работи г-н Оливер Спасовски, Ректорот на Универзитетот “Св. Климент Охридски” проф. д-р Игор Неделковски, проф. д-р Борис Мургоски и Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски, кои им посакаа успешен почеток и посветеност во студирањето на новите студенти и на новата генерација која Факултетот за безбедност ќе биде особено горда.

Продеканите проф. д-р Ивановски и проф. д-р Мојсоска доделија благодарници на поранешните декани на Факултетот за безбедност. Деканот проф. д-р Дујовски му  врачи плакета на Ректорот проф. д-р Игор Неделковски по повод започнување на ректорскиот мандат и му посака успешно раководење со Универзитетот и свечена плакета на Министерот г-н Оливер Спасовски во име на долгогодишната соработка и меѓусебните партнерски односи со Министерството за внатрешни работи, како и неговата несебична поддршка во процесите за подигнување на квалитетот на високото образование во областа на безбедноста.

ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ