Како резултат од тригодишната работа на партнерите од осум држави во рамките на Еразмус + проектот ДИА (Дијалог во образование за возрасни), излезе електронското издание на Прирачникот под наслов „Европски градител на мирот: Дијалог во образованието за возрасни“ (European Peacebuilder: Dialogue in Adult Education Handbook). Прирачникот претставува главен производ на проектот и во него се поместени вкупно 32 методи (практики) од мировното образование за возрасни (по четири од секој партнер, пришто секој партнер е застапен со по еден метод (практика) од четирите области на проектот: справување со ризици, градење на мирот, градење на заедницата и општествена вклученост).  На изработката на методите (практиките) поместени во Прирачникот, од партнерот во проектот Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола (УКЛО), Факултет за безбедност-Скопје, работеа: ред. проф. д-р Саше Герасимоски, вонр. проф. д-р Раде Рајковчевски, вонр. проф. д-р Весна Трајковска, како и претставниците на надворешните учесници (придружни) партнери во проектот: м-р Александар Стојановски од НВО „Евротинк“-Скопје и Мартин Ѓорѓиевски од Агенцијата за приватно обезбедување „ОСА Обезбедување“-Скопје.

Веруваме дека изработениот Прирачник ќе биде од корист на наставниците и учениците/студентите во образовниот систем во Македонија, како и на други заинтересирани субјекти кои имаат допирни точки со наставата во делот на мировното образование за возрасни.

ПРИРАЧНИК