“Студиски престој во Белград”
Докторантите од Факултетот за безбедност-Скопје” при Универзитет Св.Климент Охридски-Битола, Емилија Велкоска, Михајло Свидерски и Сања Керметчиева, остварија еднонеделна работна посета на Факултетот за безбедност при Универзитетот во Белград.
Одржани беа предавања од повеќе области и тоа Безбедност, Криминологија, Методологија на истражување на безбедносните појави, Еколошка безбедност, Полиција, Приватна безбедност и Др. Продеканот за настава на факултетот на безбедност Др. Борис Кодрич ги прими докторантите а со нив часови одржаа и професорите: Др. Зоран Драгишиќ, Др. Дејана Јовановиќ – Поповиќ, Доцент Др. Александра Илиќ, Др. Божидар Бановиќ, Др. Слаѓана Ѓуриќ, Доцент Др. Милан Липовац, Др. Петар Станојевиќ и Др. Ана Ковачевиќ.
Остварени беа и посети во библиотеките на Факултетот за безбедност, Криминалистички факултет и во Универзитетската библиотека во Белград.
Беше остварена плодна соработка, размена на искуства и мислења со цел иден придонес во понатамошните истражувања од областа на безбедноста.