Врз основа на член 31, член 36, член 39 и член 40 од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15, 71/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 275/19, 14/20 и 171/22), член 1 од Правилникот за начинот на спроведување на постапка за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.57/18), Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

1. За прием на 200 (двесте) професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Армијата) за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 4 (четири) години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст по избор согласно закон.

2. Кандидатите за прием на професионални војници на служба во Армијата од точка 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат следните услови:
Општи услови:
– да се државјани на Република Северна Македонија;
– да се полнолетни и
– да имаат посебна здравствена и физичка способност.

Посебни услови:
– да имаат завршено средно образование;
– да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

ПОВЕЌЕ