Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски на 13 јули 2022 година на граничниот премин кон Република Србија “Табановце” учествуваше во заедничката кампања која се спроведува заедно со МВР и РСБСП со наслов “Вози одморен”. Во рамките на активностите заедно со Министерот за внатрешни работи г-н Оливер Спасовски и Претседателката на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска беше поделен соодветен едукативен материјал за сите возачи на патнички и товарни возила кои влегуваат на територијата на нашата држава, со практични совети и препораки како да го препознаат заморот, да прават почести паузи при патувањето и да внимаваат на својата и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамките на посетата на ГП “Табановце” се реализира и средба со раководството на Одделот за гранични работи и миграции, како и со старешините на граничниот премин. Овој пат кампањата беше поддржана и од Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Република Србија, чиј што директор беше присутен и ја поддржа оваа широка кампања за безбедност во сообраќајот. Факултетот за безбедност ќе продолжи да биде партнер на институциите за остварување на основната премина на безбедност и заштита за граѓаните.
ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ СКОПЈЕ