Посета на министерот за внатрешни работи г-н Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Министерот за внатрешни работи г-н Оливер Спасовски и Деканот на Факултетот за безбедност- Скопје проф. д-р Никола Дујовски на 28.06.2022 година беа во посета на кампот за обука на МВР во Лазарополе, каде студентите од Факултетот за безбедност се на практична настава – логорување. Министерот Спасовски имаше можност да ги проследи практичните сценарија кои се однесуваат на: начини, формации и тактики на движење при совладување на отворен и пошумен простор, тактики на движење во затворени објекти, заседа и блокада, гаѓање со вежбовен школски пиштол и вежбовна автоматска пушка – AIRSOFT опрема.
Министерот Спасовски и деканот Дујовски другаруваа со студентите, а министерот ги охрабри уште попосветено да ги совладуваат теоретските и практичните цели на обуката, затоа што безбедносниот систем има потреба од врвно едуцирани и подготвени млади луѓе кои ќе се вклучат во реализацијата на безбедносните практики во државата.