На 22.06.2022 завршија серија на психо-едукативни работилници во организација на Психолошко советувалиште-УКЛО, кои се одржуваа во текот на целиот летен семестар еднаш на две недели. Работилниците се одржуваа онлајн, преку платформата GoogleMeet, под водство на професорката д-р Драгана Батиќ, психолог,  психотерапевт.

Во работата со студентите се негуваше работилнички, искуствен пристап, студентите отворено зборуваа за теми за кои не се зборува често: емоции, траума, односот кон себе си и другите, самопочитување, и за се она што ги интересира во врска со нивната личност и менталното здравје.

Како организатор и водител на овие групи имав особена чест и привилегија, студентите во група да споделат настани и чувства кои ретко ги споделуваат, и така да учат за себе и другите. И оваа, како и претходните искуствени, психолошки работилници, покажуваат колку е важно за сите студенти да можат да споделуваат меѓусебно и да добијат поддршка во група.

Психолошко советувалиште –УКЛО ќе продолжи со организирање на ваквите групи и во наредниот семестар, во живо, но и онлине, за да може да им биде достапно на сите студенти од нашиот универзитет.