Одржана свечена седница на Националното здружение на автошколи и возачи-инструктори ОБУКА-Л на Факултетот за безбедност- Скопје
Собранието на Националното здружение на автошколи и возачи-инструктори ОБУКА-Л, денеска на 15.06.2022 година одржа свечена седница по повод 30 години од постоењето на Здружението. Настанот се одржа во амфитеатарот на Факултетот за безбедност- Скопје, на кој присуствуваше деканот на Факултетот проф. д-р Никола Дујовски. Меѓу присутните беа министерот за внатрешни работи г-н Оливер Спасовски, претседателката на Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата м-р Гордана Кожуваровска, претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија г-н Миле Бошков.
Свое обраќање пред присутните имаше деканот проф. д-р Дујовски, кој посочи дека Факултетот како високо образовна институција дава научен придонес за безбедноста во сообраќајот преку вклучување во бројни кампањи во соработка со МВР, РСБСП и други организации. Покрај тоа деканот го истакна значењето на Националното здружение за обука на младите возачи и направи паралела со одговорноста која ја имаат универзитетските професори за изнајдување на нови генерации дипломирани студенти со висок капацитет за работа во безбедносните структури и одговорнаста на возачите-инструктори за подготвеноста на младите возачи за непречено и безбедно учество во сообраќајот.
Во протоколарниот дел од настанот Собранието на Националното здружение врачи благодарница на Факултетот за безбедност -Скопје.