И З В Е С Т У В А Њ Е

за состанок со студентите кои се пријавија да посетуваат теренска настава по Логорување во Лазарополе

Се известуваат студентите на Факултетот за безбедност кои претходно се запишаа на списокот за логорување дека на ден 14.06.2022 година (вторник) во 13.00 часот ќе се одржи состанок во големиот амфитеатар. На овој состанок задолжително е да присуствуваат сите пријавени студенти бидејќи истиот ќе биде искористен да се договорат сите неопходни детали поврзани со теренската настава по Логорување. На овој состанок студентите ќе задолжат работни униформи за обуката, а исто така ќе се собираат и предвидените парични средства.

Тргнувањето на логорување се планира за 24.06.2022 година, а враќањето на 01.07.2022 година.

Одговорен за настава по логорување
Вон. проф. д-р Јонче Ивановски