Во рамките на активностите на Бета пилотирањето претставниците од Школата за наука и технологија при Универзитетот во Сараево, Босна и Херцеговина SSST, остварија работна средба со Факултетот за безбедност-Скопје, при што деканот проф. Никола Дујовски и деканката Белма Рамиќ-Бркиќ разменија искуства во врска со студиските програми, реализацијата на истите, како и предизвиците кои се пред нас.
Особена важност се даде на можностите за соработка во идниот период, како и употребата на технички-технолошкиот развој во надминување на предизвиците со кои денешните општества се соочуваат.
Покрај работниот дел, на уважените гости им беше презентирана историјата на комплексот каде што е лоциран Факултетот за безбедност-Скопје, со посебен осврт на Криминалистичкиот музеј, како и Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи.
Помеѓу другото, може да се извлече заклучок дека имајќи ги предвид ризиците и опасностите со кои се соочуваат денешните општества, како и меѓусебната поврзаност и меѓузависност, останува во иднина, високо образовните установи да се вмрежуваат во реализација на оперативни и применливи проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.