На 27.05.2022., одржана е онллајн дебата на тема : МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ КАЈ МЛАДИТЕ ПО КОВИД ПАНДЕМИЈАТА, организирана од Metamorphosis Foundation, Portalb и МЕТА- новинска агенција, на која како говорник учествуваше проф. д-р Драгана Батиќ од Факултет за безбебност-Скопје. На настанот зборуваа и Владимир Рендевски, заменик министар за здравство, Анита Николовска, извршен директор на Младите можат (Youth Can) и Николина Ивановска-Котевска, професорка по психологија во гимназија.

Проф д-р Драгана Батиќ го презентираше своето искуство во водењето на Психолошкото советувалиште УКЛО, кое е формирано како прво психолошко советувалиште на универзитет во нашата држава од 2018 година., пред пандемијата , но и за психолошката поддршка на студентите за време пандемијата, во функција на зачувување на нивното ментално здравје. Исто така, таа презентираше  истражување на стдентската популација, од 2020 година:  Психолошка состојба на студентите за време на пандемија со COVID – 19, кое е спроведено  заедно со проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска, кораководител на Психолошко советувалиште УКЛО,

На дебатата се поставуваа прашања на кои учесниците одговараа, а кои се однесуваа на системскиот пристап кон менталното здравје на младите, и што е она што државата во иднина треба да го обезбеди, со оглед на актуелноста и важноста на овој проблем.