Деканот на Факултетот за безбедност заедно со студентите, денес во Гостивар учествуваа во кампањата “И јас и ти – сите сме пешаци”. Продолжуваме заеднички да се грижиме за сите учесници во сообраќајот, очекуваме повратен одговор на овие превентивни активности. Но, свесни сме дека тие не секогаш даваат резултати. Затоа силно ќе ги поддржиме напорите на МВР со репресивни мерки да го чува здравјето и животот на сите учесници во сообраќајот.