На 25.05.2022 година на Факултетот за безбедност беа во посета претставници од Националниот Воен Универзитет „Васил Левски“ во Бугарија. Во составот на делегацијата беа проректорот полковник Георги Крајанов, продеканот за настава полковник доцент Румен Маринов, како и други претставници од Универзитетот.

Деканот проф. д-р Никола Дујовски заедно со продеканката за финасии проф. д-р Снежана Мојсоска и вонр. проф. д-р Наташа Пеовска Факултетски ЕКТС координатор ги запознаа гостите со најзначајните активности на Факултетот, студиските програми, меѓународната соработка вклученоста во бројните процеси во општеството итн.

Особено внимание на средбата беше посветено на развојот на меѓусебната соработка, продлабочувањето на можностите за мобилност на наставници и студенти, како и за заедничкото учество во проекти, тркалезни маси, конференции и друго.

Во рамки на посетата, беше реализирана и посета на Криминалистичкиот музј, каде деканот Дујовски ги запозна гостите со развојот на криминалистичката наука во нашата држава и со предметите и поставките во музејот.