Факултетот за безбедност во текот на месец јуни (после 23.06.2022 година) планира да организира теренска обука по Логорување во кампот на МВР во Лазарополе во траење од 8 дена. На оваа воннаставна активност можат да учествуваат сите заинтересирани студенти од прва, втора, трета и четврта година на првиот циклус студии. Вкупниот број на студенти кои можат да присуствуваат на теренската обука не треба да биде поголем од 50 поради организациските и сместувачките капацитети на кампот.

Студентите кои сакаат да земат учество на теренската обука по Логорување може да се пријават во канцеларијата за дообразование и доедукација кај Ангел Витевски или кај д-р Аљоша Недев најкасно до 07.06.2022 година.  Доколку некој студент не е во можност да дојде може да се пријави на следниот емаил: aljosa.nedev@gmail.com

Поради квалитетни подготовки за организирање на теренската обука по Логорување се замолуваат студентите да го почитуваат временскиот рок на пријавување.

Висината на паричните средства за посетување на теренската обука по Логорување ќе изнесува 5.000,00 денари, а начинот на плаќање ќе биде дополнително соопштен. Временскиот период поминат на Логорување на студентите ќе им се засмета во Практична работа за летниот семестар.

 Продекан за настава

                                                                              Вон. проф. д-р Јонче Ивановски