Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски, заедно со студентите ја продолжија кампањата за безбедност на пешаците во сообраќајот. Меѓу другото, деканот порача: Само континуираните превентивни активности даваат резултат во безбедноста во сообраќајот. Бројките покажуваат дека откако ја започнавме кампањата за безбедност на пешаците, има значително намалување на бројот на загрозени пешаци, како и на бројот на прекршоци кои истите ги сторуваат. Заедничките активности на МВР, РСБСП и Факултетот за безбедност претставуваат добар пример за мултиресорска соработка во која секоја институција во рамките на своите овластувања и капацитети придонесува за квалитетен пристап кон решевањето на проблемите на граѓаните, во случајот безбедноста во сообраќајот.